Превентивниот лек кој ја запира инфекцијата со ХИВ/СИДА се покажа како високо ефикасен, покажаа резултатите од досега најголемото истражување спроведено во Велика Британија, кое е објавено во магазинот „Лансет ХИВ“.
Резултатите од испитувањето, во кое беа опфатени 24.000 луѓе низ Велика Британија, се „охрабрувачки“, се вели во студијата.
Илјадници луѓе веќе користат ПрЕП
Добротворната организација Теренс Хигинс Траст сака да го направи лекот попристапен за пошироката популација бидејќи многу луѓе дури и не знаат дека постои таков лек.
Британската агенција за здравствена безбедност (УКХСА), која го спроведе испитувањето ПрЕП Импакт во соработка со Фондацијата НХС Хоспитал во Челзи и Вестминстер, вели дека тоа е најголемата реална студија од ваков вид.
Студијата беше спроведена во 157 здравствени установи низ Велика Британија од октомври 2017 до јули 2020 година.
Користењето на ПрЕП, лекот наречен предекспозицијска профилакса, ја намалува можноста за заразување со ХИВ за 86 проценти. Во клиничките испитувања, ефективноста на ПрЕП 99 проценти.
„Ова испитување дополнително ја потврди ефикасноста на ПрЕП и спречувањето на преносот на ХИВ/СИДА, за прв пат покажа заштитно дејство потврдено од претходните испитувања, рече др. Џон Саундерс, советник за сексуално здравје и ХИВ кој работеше на студијата.
Зголемете го пристапот до лекови
Фондацијата за ХИВ/СИДА Теренс Хигинс Траст го поздрави објавувањето на резултатите, но рече дека „треба да се направи повеќе“ за да се зголеми пристапот и свеста за лекот, особено за малцинските групи.
Деби Лејкок од таа фондација предупредува дека „многу жени дури и не знаат дека ПрЕП постои“. Затоа апелира ПрЕП да биде достапен во аптеките и да се овозможи негово купување преку интернет.
УКХСА верува дека ефективноста на лекот може да ѝ помогне на владата на Британија да ја постигне целта за нула пренос на вирусот до 2030 година, но за да се постигне ова, многу луѓе ќе треба да го земаат лекот.
ПрЕП содржи два лека: тенофовир дизопроксил (ТД) и емтрицитабин (ФТЦ) и делува така што го спречува ХИВ вирусот да влезе во телото и да се копира.
ПрЕП може да се зема како пилула секој ден или повремено пред сексуален однос.
Одлуката да се направи превентивната медицина широко достапна во Велика Британија во 2020 година делумно се заснова на претходни студии и клинички испитувања.
Резултатите од оваа студија, објавени во списанието „Лансет ХИВ“, беа објавени затоа што беше спроведена на голем примерок и затоа што беше потребно време да се потврди од експерти.