Црвеното месо не е здраво ниту за околината     Фото; TRT Balkan

Да се јаде овошје и зеленчук е подобро за планетата Земја отколку да се јадат месо и сирење, покражува најново истражување кое потврдува дека црвеното месо има многу силно негативно влијание врз околината.

Научниците анализираа околу 57.000 производи кои се продаваат во супермаркетите во Британија и Ирска, а резултатите се објавени во научното списание PNAS.

Истражувачите кои се надеваат дека нивната студија би можела да им овозможи на потрошувачите поодржливо купување без жртвување на здравјето, исто така, ги споредија резултатите со нутритивните својства на таа храна.

Рибата, сирењето и месото - особено црвеното месо - имаат големо влијание врз околината.

„Замена за месото, млечните производи и јајцата со алтернативи на растителна база, кои би можеле да имаат поголема корист за околината и за здравјето“, се наведува во студијата.

Но можат да помогнат и „помали“ премини. На пример, говедските лазањи, со високо влијание на околината, можат да се заменат со пилешки или вегетаријански.

Многу студии претходно покажаа дека црвеното месо, иако е извор на некои есенцијални нутриенти, може да се поврзе со некои болести, на пример болести на срцето и крвожилниот систем и со ракот на дебелото црево.

Научниците открија дека концентратите на сокови, газирани пијалаци и други овошни сокови се меѓу производите кои најмалку влијаат на околината - бидејќи воглавно се состојат од вода - но нивниот нутритивен квалитет е слаб.

Лебот, но и одредени житарки и подготвени јадења или слатки имаат релативно ниско или средно влијание врз околината.

Истражувачите веруваат дека општо, колку храната е поодржлива, толку е подобра од прехранбен аспект.

Студијата го потврдува она што други претходни извештаи веќе установиле со анализа на поединечни состојки, како овошје или црвено месо.

Новина во најновиот извештај е тоа што анализата се однесува на производи составени од повеќе состојки, како сосови, готови јадења и слично.

Таа задача била комплицирана поради фактот дека количината на секоја состојба се смета за деловна тајна па не се откриваат вистински детали: само околу три отсто од повеќе од 57.000 производи продадени во осум продавници со храна имаа потполно наведен состав.

Научниците затоа развиле алгоритам основан на неколку познати информации за проценка на производите кои ги истражувале - во Британија и Ирска состојките посебно се наведени според користената количина.

HINA
Популарни