Здравствениот туризам е тренд кој го зафаќа светот. Голем број луѓе потрагата по подобро здравје ја бараат преку границите, без разлика дали станува збор за третмани за разубавување, лекарска помош за оплодување или посериозни операции кои може да спасат човечки живот.
Во таков контекст, земјите со развиен здравствен систем како Туркије сериозно вложуваат во промоција на овој вид туризам во земјата. HealthTurkiye е круната на бумот на здравствениот туризам во Туркије. Годишно над една милијарда американски долари е приходот само од здравствениот туризам.
Над еден милион странски државјани ја посетиле Туркије барајќи здравствени услуги. На официјалниот веб портал www.healthturkiye.com има информации за здравствени услуги во Туркије се достапни на англиски, француски, руски и арапски јазик
Туркије цели да прерасне во центар на глобален здравствен туризам
Република Туркије развива сериозни планови да прерасне во центар за глобален здравствен туризам. Дека е на добар пат го потврдуваат и бројките за милиони успешни операции кои се изведени во Туркије во последните 5 години. Само за илустрација, изведени се 60.000 трансплантации на органи и ткива, 500.000 микрооперации, 200.000 третмани за ин витро оплодување и речиси 3 милиони кардиолошки операции.