Кина ја лансираше првата орална вакцина против Ковид-19 во светот која се вдишува преку уста, објавија во средата локалните медиуми.
Властите почнаа да администрираат вдишлива вакцина за Ковид-19 како засилувачка доза во Шангај, централен крајбрежен град, соопшти Канцеларијата за информирање на општината Шангај.
Вакцината е неинвазивна опција која ќе се администрира како засилена доза на луѓе на возраст од 18 и повеќе години. Вакцината, според компанијата, може „ефикасно да предизвика сеопфатна имунолошка заштита како одговор на коронавирусот „по само еден здив“.
Може да „индуцира силен хуморален, клеточен и мукозен имунитет за да се постигне тројна заштита“, ја цитира телевизијата изјавата на компанијата.
Кинеските власти ја одобрија вакцината за итна употреба како засилувачка доза во септември оваа година.