СЗО: Јапонија со најмногу регистрирани случаи на Ковид -19 во светот

СЗО: Јапонија со најмногу регистрирани случаи на Ковид -19 во светот

Според СЗО, по Јапонија следуваат САД со околу 860.000 случаи и Германија со 570.000 случаи
Mинатата недела регистрирани се повеќе од 969.000 случаи во Јапонија.      Фото: Ројтерс

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека Јапонија е „земјата со најголем број регистрирани нови случаи на Ковид-19 во светот“ и дека минатата недела регистрирани се повеќе од 969.000 случаи.

Според СЗО, како што пренесува агенцијата „Кјодо“, по Јапонија следуваат САД со околу 860.000 случаи и Германија со 570.000 случаи.

Во соопштението се наведува дека Јапонија е „земјата со најголем број нови случаи на коронавирусот во светот“, со повеќе од 969.000 нови случаи минатата недела.

Во Јапонија често е регистрирана подваријантата на Омикрон, БA.5, за која се наведува дека е многу заразна. Јапонија се соочува со седмиот бран на епидемијата на Ковид-19.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на вчерашната прес-конференција рече дека епидемијата е далеку од завршена.

Со зголемувањето на бројот на смртни случаи низ светот и зголемувањето на хоспитализациите во некои земји во последните недели, се нагласува дека вакцинацијата на здравствените работници и постарите лица е од суштинско значење.

AA
Популарни