Ешерихија коли е и показател за загаденоста на водата со измет / Photo: Reuters

Според научниците, таргетирањето на одредени видови на бактеријата Ешерихија коли со вакцини или други третмани може да помогне да се намали ризикот од рак на дебелото црево, мочниот меур и простатата.

Една нова студија покажа дека поголема инциденца на одредени видови на рак во во индустриски развиените земји како Велика Британија може да биде поврзана со два посебни соеви на E.коли, кои можат да предизвикаат инфекции на уринарниот тракт и крвотокот.

Овие соеви произведуваат хемикалија колибактин, која штети на ДНК, а се поврзува со рак на дебелото црево.

Работата за нивно искоренување „може да понуди големи придобивки за јавното здравје“, велат истражувачите, вклучително и намалување на потребата од антибиотици за лекување на инфекциите што ги предизвикуваат, како и потенцијално намалување на ризикот од рак.

E.коли е разновидна група на бактерии кои вообичаено се безопасни и живеат во цревата на луѓето и животните.

Ешерихија коли е и показател за загаденоста на водата со измет, бидејќи големи количини (трилиони) се излачуваат дневно со изметот на само еден човек. Тоа е една од најчестите причинители на човечки бактериски инфекции.

За студијата, објавена во списанието Лансет Микроб (Lancet Microbe), истражувачите користеле геномски надзор за следење на различни видови во различни земји, вклучувајќи ги Британија, Норвешка, Пакистан и Бангладеш.

Двата вида на кои се фокусираа научниците се почести во индустријализираните земји и предизвикуваат инфекции на крвотокот и уринарниот тракт, но не и труење со храна.

Овие земји, исто така, имаат повисоки стапки на рак на дебелото црево, мочниот меур и простатата, според истражувачите.

Во меѓувреме, анализата на тимот покажа дека видовите се многу поретки во земјите како Бангладеш и Пакистан, каде случаите на рак на дебелото црево, мочниот меур и простатата се исто така поретки.

TRT Balkan / агенции
Популарни