Научниците користејќи ја алатката за уредување гени ЦРИСПР, открија дека генот „TMEФФ1“ е клучот / Photo: Getty Images

Научниците можеби пронајдоа ген кој објаснува зошто мозокот е заштитен од вирусот на херпес, откритие што може да помогне во лекувањето на состојбата.

Меѓународна група биолози предводена од Каи Јуџиа од Универзитетот во Шангај како и Џиао Тонг и Сорен Палудан од Универзитетот во Архус во Данска открија дека исфрлањет на генот во неврони добиени од човечки матични клетки може да доведе до значително зголемување на репликацијата на ХСВ-1.

Наодот е потврден со тестови на глувци. Вирусното оптоварување во невроните во мозоците на животните значително се зголемило кога генот бил исфрлен.

Според СЗО, околу 67% од светската популација е заразена со вирусот на херпес симплекс (ХСВ) тип 1.

Главно го напаѓа нервното ткиво, но во ретки случаи, може да стигне до централниот нервен систем и да предизвика смрт. Повеќето носители не покажуваат тешки симптоми.

Сепак, студијата, користејќи ја алатката за уредување гени ЦРИСПР, откри дека генот познат како „TMEФФ1“ е клучот.

Иако повеќето инфекции со ХСВ се асимптоматски или непрепознатливи, вирусот сè уште претставува глобална закана за јавното здравје.

Лековите можат да ги намалат симптомите, но не можат да ја излечат инфекцијата, според СЗО.

Повторливите симптоми и на оралниот и на гениталниот херпес се вознемирувачки за многу заразени луѓе, но во ретки случаи, вирусот може да го нападне централниот нервен систем со болест наречена „херпес симплекс енцефалитис“ која има стапка на смртност до 70%.

Но истражувачите се надеваат дека откритието би можело да помогне да се обезбеди третман за состојбата и дека развиле пептиди - помали верзии на протеинот TMEФФ1 - за кои велат дека се многу ефикасни во спречувањето на инфекција со ХСВ.

„Оваа студија за прв пат известува за антивирусен фактор кој е ексклузивен за невроните, обезбедувајќи сосема нова перспектива за проучување на антивирусниот имунолошки механизам на мозокот“, рече Џиао Тонг.

Наодите беа објавени во рецензираното списание Nature на 24 јули.

TRT Balkan / агенции
Популарни