Пуштањето звуци на луѓето додека спијат би можело да помогне да заборават одредени сеќавања, покажува новата студија.     Фото: АА (Архива).

Пуштањето звуци на луѓето додека спијат би можело да помогне да заборават одредени сеќавања, покажува новата студија.

Научниците велат дека методот еден ден би можел да се развие во техника во која ќе помогне во борбата против трауматските сеќавања.

Претходни истражувања покажале дека репродукцијата на звучните сигнали во текот на спиењето може да се користи за јакнење на одредени сеќавања.

Меѓутоа, научниците сугерираат дека најновата студија е прва која дава цврсти докази дека техниката исто така може да се користи за да луѓето заборават.

Водачот на студијата др. Бардур Јоенсен, поранешен докторанд на Департманот за психологија на Универзитетот во Јорк, рече: „Иако во оваа фаза се уште се многу експериментални, резултатите на нашата студија ја зголемуваат можноста да ја зголемиме и намалиме способноста да се потсетиме на специфични сеќавања со пуштање звучни сигнали кога одредено лице спие“.

„Луѓето кои доживеаа траума можат да патат од широк спектар на вознемирувачки симптоми поради сеќавање на тие настани. Иако е уште далеку, нашето откритие потенцијално би можело да го отвори патот на новите техники за слабеење на тие сеќавања кои би можеле да се користат со постоечки терапии.“

Во рамките на истражувањето од 29 луѓе побарано е да ги начат паровите на зборовите кои ги делат некои исти слогови, вклучувајќи ги секојдневните предмети, локации и познати лица.

Претходно истражување покажа дека учењето на паровите на зборовите и пуштањето звук поврзан со одреден пар во текот на спиењето го подобрува паметењето на парот на зборовите кога испитаниците ќе се разбудат.

Во ова истражување се покажа дека, кога паровите на зборовите се преклопувале во некои слогови, а на учесниците им е пуштен звук поврзан со еден од зборовите, подобрено е паметењето за парот на збороците, но и намалување на паметењето за друг пар.

Научниците велат дека тоа сугерира дека е можно да се предизвика селективно заборавање со пуштање поврзани звуци во текот на спиењето.

Коавторот на студијата, Аидан Хорнер од Департманот за психологија на Универзитетот Јорк, рече: „Односот помеѓу сонот и паметењето е фасцинантен. Знаеме дека сонот е клучен за обработка на паметење, а нашите сеќавања обично се подобри по периодот на сонот. Точните механизми во играта остануваат нејасни, но во текот на спиењето се чини дека важните врски зајакнуваат, а неважните се отфрлаат“.

„Истражувањето отвора можност со тој процес да се манипулира така што спиењето може да се користи за слабеење на болните сеќавања“, рече Хорнер.

„Следните чекори за нашиот научен тим се да се утврди како тие звучни сигнали предизвикуваат заборавање, за да можеме да го вклучиме и исклучиме учинокот, и дали можеме да ја користиме истата техника за ослабување на постоечките сеќавања од реалниот свет.“

TRT Balkan / агенции
Популарни