Зголемувањето на случаите на труење со канабис, дури и кај децата, може да се должи на неговата декриминализација, велат австралиските истражувачи.
Тоа се резултатите од 30 посебни истражувања за легализацијата на канабисот и неговото влијание врз акутното труење, кои беа анализирани од истражувачи од Универзитетот во Сиднеј, а нивните заклучоци беа објавени во списанието Addiction.
Очигледно зголемување на труењата кај децата
Наодите укажуваат на општо зголемување на стапката на труење со канабис по неговата легализација или декриминализација, се вели во студијата. Евидентно е и зголемување на труењето кај децата, со оглед на тоа што правилата се ублажени, па на пазарот има се повеќе грицки со канабис.
„Се чини дека зголемената достапност и консумирање на храна со канабис има значително влијание врз зголемувањето на случаите на труење, особено кај децата, вели Роуз Кернс од Австралискиот универзитет, особено предупредувајќи за гумените бонбони и чоколадото.
„Општо земено, консумирањето канабис наместо пушење носи поголем ризик од труење, бидејќи некои луѓе имаат тенденција да консумираат поголеми количини храна со оваа супстанца. Треба да се запомни дека кога станува збор за консумирање на канабисот, потребно е подолго време за неговите ефекти да почнат да се манифестираат, вели Кернс.
Тешките труења може да резултираат и со кома
Труењето со канабис може да предизвика летаргија, поспаност, вртоглавица, зголемен крвен притисок, срцебиење, тахикардија, гадење, повраќање, раздразливост и немир. Тешките случаи може да резултираат и со кома.
Истражувањето и анализата го опфатија подрачјето на Северна Америка. Таму рекреативната употреба на лекот е дозволена во 26 американски држави и административни региони. Така е и во Канада.
Канабисот за рекреативни цели може легално да се купи во други земји во светот, како што се Шпанија, Холандија и Тајланд.