Тестовите на крвта дополнително открија дека консумацијата на кофеин е поврзана со пониски нивоа на холестерол и подобрена отпорност на инсулин / Photo: Getty Images

Студијата објавена во Списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам сугерира дека редовното консумирање кафе или чај може да го намали ризикот од неколку кардиометаболни заболувања.

Истражувањето, спроведено од научници од Кина и Шведска, ги анализирала податоците од повеќе од 300.000 учесници во студијата на УК Биобанк.

Наодите покажуваат дека умереното консумирање кофеин е поврзано со помала веројатност за развој на состојби како хипертензија, мозочен удар, дијабетес или коронарна срцева болест. Овие состојби, кога се комбинираат, значително го зголемуваат ризикот од смртност.

Учесниците кои консумирале три или повеќе шолји кафе или пет или повеќе шолји чај дневно имале 40 отсто помали шанси да развијат две или повеќе кардиометаболни состојби.

Овие наоди нагласуваат дека промовирањето умерено внесување кафе или кофеин како навика во исхраната кај здравите луѓе може да има далекусежни придобивки за спречување на кардиометаболички мултиморбидитети, забележаа авторите на студијата.

Претходните истражувања исто така го поврзуваат консумирањето кафе со подобро кардиоваскуларно и невролошко здравје.

Во оваа нова студија, една група од 172.315 здрави учесници беше анализирана за да се разбере ефектот на кофеинот врз здравјето на срцето.

Друга група од 188.091 учесник беше искористена за да се истражат ефектите од консумирањето кафе и чај. Двете групи беа следени во период од 11 години.

Резултатите покажаа дека и оние кои пијат кафе и чај имале подобри кардиоваскуларни исходи во споредба со оние кои не пијат, при што умерените консументи забалежеле најзначајни придобивки.

Тестовите на крвта дополнително открија дека консумацијата на кофеин е поврзана со пониски нивоа на холестерол и подобрена отпорност на инсулин.

Уште повеќе, три шолји кафе на ден се поврзани со помал ризик од прогресија на дијабетес тип 2 во коронарна срцева болест. Слично на тоа, пет шолји чај ја намалија веројатноста за дијабетес тип 2 да доведе до мозочен удар.

Научниците се надеваат дека нивните наоди ќе помогнат да се идентификуваат биолошките механизми зад позитивните ефекти на кофеинот врз здравјето, пишува Science Alert.

TRT Balkan / агенции
Популарни