Мускулно-скелетната болка сè поприсутна кај канцелариските работници / Photo: AA

Здравствената групација „Медикана“ истакна дека честата мускулно-скелетна болка негативно влијае врз квалитетот на животот и различна е во зависност од возраста, полот и индивидуалните карактеристики.

Професорката од здравствената групација, д-р Фиген Ајхан, експерт за физикална медицина, рехабилитација и медицина против болки (алгологија), за Анадолу изјави дека канцелариските работници најчесто бараат помош за болки во вратот и грбот што се резултат на долготрајно работење пред компјутер, меѓу кои и помош поради цервикална хернија.

Таа истакна дека болката во 'рбетот вклучува повеќе дисциплини и наведе дека експертите по физикална медицина и рехабилитација, неврохирургија, ортопедија, алгологија и ревматологија заедно ги третираат овие болки.

Д-р Ајхан истакна дека болката во долниот дел на грбот е вообичаена кај работните позиции со тешка физичка работа, но и кај седентарните работни места.

Таа ја нагласи потребата од напредни тестови во случаи како лумбална хернија, траума, инфекција, рак и ревматизам.

Ајхан рече дека болката во зглобовите е честа појава кај мускулно-скелетните проблеми.

За ревматските заболувања, таа истакна дека симетричното болно отекување на рацете, стапалата и прстите доведува до проблеми со стисокот и одењето.

„Механичката болка во коленото, најчесто присутна кај младите спортисти, доаѓа од структури како што се менискусот и лигаментите, додека кај постарите и дебелите луѓе често се должи на остеоартритис. Болката во рамото, вториот најчест проблем со зглобовите, може да биде резултат на прекумерно оптоварување кај оние што понапорно тренираат и кај пациентите со дијабетес, предизвикувајќи кинење на тетивата“, додаде таа.

Д-р Ајхан ја истакна важноста од внимателно слушање на историјата на пациентот за време на дијагностичкиот процес.

„Ние го одредуваме типот болка главно преку персонализирани прашања. За време на физичкиот преглед не ја проценуваме само соодветната област на болка туку и целиот 'рбет. За краткотрајна блага болка можно е да не се потребни обемни дијагностички тестови. Меѓутоа, во случаи на сомнение за трауматска повреда, инфекција, ревматска болест, метаболично нарушување или метастази на канцер, правиме понапредни тестирања. Ова вклучува рутински анализи на крв и дополнителни тестови врз основа на состојбата. За континуираната болка што не реагира на вообичаените методи се насочуваме кон правењето снимки“, нагласи д-р Ајхан.

Примената на различни третмани

Д-р Ајхан истакна дека третманите за мускулно-скелетни болки вклучуваат интрамускулна стимулација, третман со инјекции, радиофреквенција, озонотерапија, со хијалуронска киселина, антиревматски третмани и додатоци во исхраната.

„Третирањето на болката започнува со нежни вежби. Правилното дишење, заедно со поддршката од психолог, се од витално значење за хроничната болка. Споделувањето искуства, хоби, социјални активности, доволно спиење и техники за релаксација, како медитацијата, помагаат во намалувањето на болката. Позитивното размислување, вежбањето и оставањето на штетните навики се исклучително важни. Работете паметно, а не напорно, за да ги зачувате зглобовите“, порача таа.

AA
Популарни