Депресијата може да биде директна причина за дијабетес тип 2 / Photo: AA Archive

Половина милијарда луѓе во Светот живеат со дијабетес, хронично заболување кое е причина за смрт на околу 1.5 милиони луѓе годишно.

Светскиот ден за борбата со дијабетесот се одбележува на 14 ноември по иницијатива на Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната федерација против дијабетес.

Оваа година кампањата за одбележување на Светскиот ден за борба со шеќерната болест е фокусирана на ризиците кои ги носи дијабетес тип 2 со цел да се помогне во одложување или спречување на болеста. Таа е предводена од Меѓународната федерација за дијабетес и нејзините здруженија - членки низ целиот свет.

Експертите и оваа година порачуваат дека дијабетесот може да се превенира, со намалување на ризик факторите како што се консумација на цигари, масти и зголемување на физичката активност.

Но сепак и покрај големите кампањи и повици за превенција и заштита од дијабетес болеста и понатаму забрзано се шири.

Според предвидувањата на експертите во наредните 30 години бројката на дијабетичари се очекува да се зголеми до 1,3 милијарди на светско ниво.

Имено, во европскиот регион има околу 60 милиони луѓе заболени од дијабетес, или околу 10,3% од мажите и 9,6% од жените на возраст од 25 години и постари.

Па така, според истражувања направени во 2021 година од Меѓународната федерација за дијабетес, во тој период на Балканот најмногу дијабетичари има во Србија 796 800, потоа следуваат Босна и Херцеговина со 305 900 дијабетичари, Албанија со 241 100, Хрватска 212 700 и Северна Македонија со 116 100 дијабетичари.

Во периодот 2022/23 година бројките пораснале па така, во Србија има околу 770 000 дијабетичари, во Хрватска 388 213 и во БиХ има околу 375 000 дијабетичари.

Сепак дијабетесот е заболување за кое постои третман преку инсулинска терапија.

За дијабетичарите најважно е оваа терапија да им биде постојано достапна со цел непрекинато функционирање во текот на животот.

Инаку, датумот за одбележување на Светскиот ден за борбата против дијабетесот е одбран бидејќи е ден на раѓањето на канадскиот нобеловец, Фредерик Бантинг, кој го откри инсулинот заедно со Чарлс Бест во 1933 година.

Официјалниот симбол на Обединетите нации за дијабетес е прстен со сина боја позната како "Pantone 279".

TRT Balkan
Популарни