Според Фондацијата на Паркинсон, повеќе од 10 милиони луѓе живеат со оваа болест во светот. / Photo: AA 

Паркинсоновата болест, мозочно нарушување што предизвикува неконтролирани движења, може да влијае врз животот на повеќе од 12 милиони луѓе до 2040 година, покажуваат повеќекратните проекции на здравствените експерти.

Се вели дека болеста, првпат медицински опишана од англискиот лекар Џејмс Паркинсон во 1817 година, има побрз прогрес од кое било друго невролошко нарушување.

Најголем ризик-фактор е стареењето, а повеќето од оние што ја имаат оваа болест се луѓе на возраст над 60 години.

Болеста, главно, се јавува поради намалување на клетките на мозокот што лачат допамин.

Според Фондацијата на Паркинсон, повеќе од 10 милиони луѓе живеат со оваа болест во светот.

Од Фондацијата се вели дека мажите имаат 1,5 пати поголеми шанси да развијат Паркинсонова болест отколку жените.

Според процените, во 2019 година, 329.000 смртни случаи биле предизвикани на глобално ниво од оваа болест, што претставува зголемување од над 100 отсто од 2000 година.

Веб-страницата „Нашиот свет во податоци“ објави дека истата година Европа имала една од највисоките стапки на смртност од Паркинсонова болест во споредба со другите региони.

TRT Balkan / агенции
Популарни