Операцијата на катаракта го намалува ризикот од деменција / Photo: AA Archive

Влошувањето на видот може да биде знак за когнитивно опаѓање, сметаат американските лекари и научници, кои велат дека откритието би можело да помогне порано да се детектираат состојби како што е Алцхајмеровата болест.

Тим научници предводени од Џошуа Р. Ерлих од Универзитетот во Мичиген открил дека „објективно измереното оштетување на видот е поврзано со поголема инциденца на деменција“.

Бидејќи се смета дека повеќето од таквите оштетувања може да се спречат, напорите кон давање на приоритет на здравиот вид би можеле да бидат важни за оптимизирање на когнитивната функција, велат лекарите по прегледувањето на податоците за речиси 4.000 луѓе на возраст од 71 години и повеќе од Националната студија за трендовите на здравјето и стареењето во САД (NHATS) од 2021 година.

„Поголемиот дел од оштетувањето на видот кај постарите возрасни лица може да се спречи или едноставно сè уште не се решени со интервенции како очила или операција на катаракта“, рече тимот во нивната проценка на податоците, објавена од Американската медицинска асоцијација.

Ова е прво вакво истражување во изминативе 15 години.

„Операцијата на катаракта го намалува ризикот од деменција“, тврдат истражувачите, додавајќи дека „оптимизирањето на видот може да спречи до 100.000 распространети случаи на деменција во САД“.

TRT Balkan / агенции
Популарни