„Прекинувањето со пушење е поврзано со значителни подобрувања во анксиозноста и депресијата кај луѓето со и без психијатриски нарушувања“, забележала истражувачката група / Photo: AA

Откажувањето од пушењето за многу пушачи најпрво значи борба против зависноста предизвикана од никотинот, присутен во цигарите. Но, помислата за откажување може да предизвика грижи за тоа каков ќе биде животот без пушење.

„Верувањето дека цигарите смируваат е широко распространето, а некои медицински професионалци ги одвраќаат луѓето со нарушувања на менталното здравје со тоа што престануваат да пушат“, велат истражувачите од Универзитетот во Оксфорд и Бат, чиј труд беше објавена во списанието „JAMA Network“ на крајот на мај оваа година.

Нивното откритие дека откажувањето од пушење може да го подобри менталното здравје дополнително треба да ги охрабри пушачите кои сакаат да се откажат од оваа навика, но се загрижени за потенцијалните негативни последици.

„Прекинувањето со пушење е поврзано со значителни подобрувања во анксиозноста и депресијата кај луѓето со и без психијатриски нарушувања“, забележала истражувачката група по спроведеното истражување на над 4.200 луѓе во 16 земји.

За многумина, може да биде тешко да ги напуштат рутините како што се излегување од работната канцеларија на неколку цигари и разговор во текот на денот или пушењето цигари во текот на ноќните часови пред спиење.

„Загриженоста за влошување на менталното здравје по прекинот честопати се покренува од страна на лекарите и пушачите“, велат истражувачите.

„Прекинувањето со пушење е поврзано со намален ризик од смртност и подобрен квалитет на живот на која било возраст, при што нашата анализа додава на доказите дека тоа го подобрува и менталното здравје“, велат тие.

Учесниците во истражувањето биле пушачи со и без ментални нарушувања.

Истражувањето го проучувало ефектот од девет до 24 недели апстиненција кај луѓето кои биле „мотивирани да се откажат“, но пушеле 10 или повеќе цигари дневно во изминатата година.

TRT Balkan / агенции
Популарни