Автохтон вид на австралиски октопод би можел да биде клучен во борбата против еден од најтешките облици на меланом, откри тим научници од Австралија.     Фото: Ројтерс

Автохтон вид на австралиски октопод би можел да биде клучен во борбата против еден од најтешките облици на меланом, откри тим научници од Австралија.

Со меѓународната студија откриени се рани докази за тоа дека соединението од отровот на посебен вид австралиски октопод (Octopus kaurna), може значително да го успори развојот на карциномот.

Истражувачките открија и дека тој отров би можел да помогне во борбата против отпорноста на лекови кај пациентите со меланом со мутиран БРАФ, кој сочинува околу половина од сите случаи на меланом.

Со стручно водство на Марија Икономопулу, тестирани се својствата на низа синтетички репродуцирани соединенија на отров во борбата против туморот.

„Ги проучувавме отровните соединенија добиени од различни морски животни и откривме дека пептид од австралискиот октопод каурна се издвојува по неговата способност, безбедно и ефикасно да ги таргетира клетките на меланомот мутирани од БРАФ во претклинички модели“, рече таа, додавајќи дека таа и нејзиниот колега се надеваат дека ќе обезбедат основа за високо насочен и помалку токсичен третман на ракот.

Исто така, таа рече дека „уште е рано за повеќе информации, но ваквите откритија ни даваат надеж дека овој пептид на октопод би можел да се развие во насочен третман против карцином кој може сигурно и ефикасно да се примени дури и во многу високи дози“.

Таа истакнува дека многу пациенти не реагираат добро на постоечките методи за лекување на меланомот со мутираниот ген БРАФ.

„ Иако целните терапии и имунотерапијата го подобрија крајниот исход, тековниот проблем со токсичноста на лековите и отпорноста на лекови го попречуваат севкупниот успех во борбата против ракот“, рече Икономопулу.

Таа додаде дека „без сомнеж, потребно е да се спроведат дополнителни истражувања“ и дека нивната студија покажува дека ова соединение на отров од октопод има силен терапевтски потенцијал.

Експертите би сакале да истражат дали соединението на октоподот каурна има потенцијал кога се во прашање останатите карциноми со мутираниот ген БРАФ, вклучувајќи го канцерот на простатата, дебело црево и карцином на белите дробови.

Студијата е објавена во “British Journal of Pharmacology“.

TRT Balkan / агенции
Популарни