Секое донирање крв може да биде пресудно за спасување на нечиј живот. На 14 јуни секоја година од 2005 наваму се одбележува светскиот ден за донирање крв за универзалната потреба од крводарители со оглед на недостигот и нееднаквиот пристап до крв за секого на кого му е потребна.
Клучни факти за крводарителството
На светско ниво годишно се собираат околу 115 милиони донации на крв. Во последните десетина години во просек годишно волонтерското дарување крв се зголемило за 10 милиони.
Во 79 држави над 90% од донациите на крв се собираат од крводарители доброволци, додека пак во 54 држави повеќе од половина од собраните количини од крв се донори од блиското семејство или платени донори.
Клучни пораки за светскиот ден за донирање крв
Годинава, Светската здравствена организација, денот го прославува под мотото „Донирај крв, донирај плазна, сподели живот, сподели често“.
Целта е да се потенцира неопходноста од редовно донирање крв за пациентите на кои им треба доживотна трансфузија, а освен за пациентите со ретки болести и состојби исто така потребна е стабилна количина крв и плазма за интеренции во хируршките сали и трауматолошките центри.
Кој може да биде крводарител?
Крв да дарува може да биде секој на соодветната возраст која најчесто е одредена од 18 до 65 години, да има најмалку 50 килограми и да е во генерално добра здравствена состојба.
Одредени здравствени состојби како инфекции, грип и настинки, потечено грло, непосредни дентални интервенции.
Исто така лицата кои неодамна направиле тетоважи и други естетски промени на телото не може да бидат крводарители, додека не помине одреден период кој најчесто е минимум шест месеци.
Како крводарители се одбиваат лицата кои биле позитивни на ХИВ, кои инјектирале наркотици и тие кои имале ризични сексуални активности.
Какви бенефиции добиваат крводарителите
Според сите законски и етички прописи крвта се дарува, и не се продава, ниту пак може да се купи, барем на европско тло. Донирањето крв го организираат хуманитарни организации во соработка со институциите за трансфузиона медицина или пак се одвива директно во болниците кога има итни случаи и има недостиг од конкретна крвна група.
Затоа донирањето крв се смета дека е доброволно и без финансиски надомест. Сепак, за крводарителите следат одредени бенефиции кои се законски пропишани и се поврзани со бесплатни здравствени услуги во рамки на државното јавно здравство.
Исто така одредени трудови законодавство ги препознаваат крводарителите и предвидуваат слободни денови од работа по дарувањето крв.
Ризици при трансфузија
Главни ризици при трансфузија се ненавремено детектирање на контаминирани примероци со ХИВ, хепатит или останати сексуално преносливи и заразни болести.
Затоа СЗО препорачува да се поддржува националното тело за организирање на крводарителството, да се поттикнува собирање крв од крводарители кои се редовни и доброволци и да се вршат подобри скрининзи на земените примероци.