Двете срца користени во студијата беа снимени со помош на хиерархиска фазно-контрастна томографија / Photo: AFP

Истражувачите развија невидена технологија за снимање - тридимензионална визуелизација на срцето, која ги доловува најмалите детали. Наречена „Google Earth“ на човечкото срце, новата технологија за снимање треба да ја забрза кардиоваскуларната медицина.

Човечко срце снимено вака досега не е видено.

Секој најситен детал од органот беше снимен со помош на нова технологија развиена од истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон (УЦЛ) и Европскиот центар за синхротрон зрачење (ЕСФР) како дел од новата студија.

Две цели човечки срца - едно здраво и едно болно - беа снимени со невидени 3Д детали, снимајќи ја анатомската структура на органот до 20 микрометри, половина од ширината на човечко влакно.

Сликите се направени со помош на техника на рендген наречена хиерархиска фазно-контрастна томографија (ХиП-КT).

„Ова е техника што ја чекаме долги години. На некој начин, тоа е нова форма на КТ снимка која ни овозможува да видиме работи што никогаш порано не сме можеле да ги видиме“, вели професорот Ендрју Кук од Институтот за кардиоваскуларни науки на УЦЛ и коавтор на студијата.

Според Универзитетскиот колеџ во Лондон, кардиоваскуларните болести се најголемиот убиец во светот - само исхемичната срцева болест, слабеење на срцето предизвикано од намален проток на крв, е одговорно за 16% од смртните случаи во светот во 2019 година.

Научниците се надеваат дека ХиП-КT скенирањето, наречено „Google Earth на човечкото срце“, ќе помогне во истражувањето кое досега беше невозможно.

„Ни дава сосема нова перспектива на срцето. Се споредува со Google Maps. Така, можеме да го видиме целото срце, како што ја гледате целата земја, а потоа да зумираме до нивото на улицата, а потоа понатаму до нивото на ќелијата, така што навистина можеме да ја видиме врската помеѓу компонентите многу добро, и тоа е од суштинско значење за разбирање одредени видови на аритмии“, објаснува професорот Кук.

Техниките на сликање како што се ултразвук, КТ и МРИ во моментов се користат за дијагностицирање на кардиоваскуларни болести, но тие не даваат детални структурни информации за тоа што се случува во органот.

Лекарите обично треба да ги исечат органите на делови и потоа да ги скенираат за да добијат детален приказ.

Сепак, според професорот Кук, ХиП-КT скенирањето може да доведе до подобрување на третманот и хируршките резултати.

Новата техника на скенирање ќе биде особено корисна за хирурзи-приправници.

„Традиционалниот начин на кој се учат хирурзите во моментов е или со слики во учебниците или со дводимензионална слика. Или се обучени во операциона сала. Прилично е предизвик да се обучуваат хирурзи во операционата сала, бидејќи специјализантот ќе има поинаква перспектива. Тие стојат на спротивната страна од масата од главниот хирург. Затоа гледаат се наопаку“, вели Кук.

Иако сликањето на две срца е важна пресвртница за кардиоваскуларната медицина, истражувачите велат дека ќе треба да се сликаат повеќе срца за да се добие вистинско чувство за меѓуиндивидуална варијација, земајќи ги предвид разликите во возраста, полот, етничката припадност и болеста.

Ова истражување на УЦЛ и EСРФ е дел од проектот „Атлас на човечки органи“, кој има за цел да воспостави отворена научна база на податоци за слики од сите човечки органи во здравје и болест.

„ Досега снимивме осум главни органи. Ги снимивме срцето, мозокот, белите дробови, кои беа првите што беа снимени за време на Ковид, бубрегот, слезината, до сега го разгледуваме ракот на дојката и простатата“, вели професорот Питер Ли, постар автор на студијата.

Двете срца користени во студијата беа снимени со помош на хиерархиска фазно-контрастна томографија во Европската станица за синхротронско зрачење во Гренобл, Франција.

TRT Balkan / агенции
Популарни