Инциденцијата на Алцхајмеровата болест кај лицата на работоспособна возраст е во пораст, двојно се зголеми во период од 12 години, покажува заедничката студија спроведена во Финска.
Во проектот, спроведен во соработка на Универзитетот на Источна Финска и Универзитетот во Оулу, прикажана е преваленцијата на раната деменција (ЕОД) кај работоспособните луѓе со преглед на 12.490 досиеја на пациенти од универзитетските болници „Куопио“ и „Оулу“ во периодот помеѓу 2010 и 2021 година.
Во студијата е заклучено дека инциденцијата на Алцхајмерова болест речиси се удвоила кај работоспособните Финци во текот на 12-годишниот период на следење, а инциденцијата на другите форми на рана деменција останала стабилна, објави националниот радиодифузер Уле.
Според наодите кај населението на возраст од 65 години, грубата инциденција на рана деменција била 12,3 од 100.000 луѓе врз основа на 794 нови случаи од 1 јануари 2010 година до 31 декември 2021 година.
Стапките на инциденција за рана деменција (EOD) беа 20,5 и 33,7 на 100.000 луѓе во возрасните групи од 30 до 64 години, односно од 45 до 64 години.
Преваленцијата на ЕОД е 110,4 во возрасната група од 30 до 64 години и 190,3 во возрасната група од 45 до 64 години.
Студијата покажува дека Алцхајмеровата болест со 48,2 отсто и бихејвиоралната варијанта на фронтотемпоралната деменција со 12,7 отсто се најчести поттипови деменција.