Терминот „мајмунски сипаници“ се користел за навредливи и стигматизирачки говор     Фото:  / Photo: AFP

Светската здравствена организација (СЗО) воведе нов термин со кој беа нарекувани „мајмунските сипаници“ со цел да се избегне расизам во известувањето за оваа заразна болест. Во официјалната здравствена и јавна коренсподенција ќе се користи терминот „мпокс“.

„Кога епидемијата на мајмунски сипаници се прошири на почетокот на оваа година, беше забележан расистички и стигматизирачки јазик на интернет, во други опкружувања и во некои заедници, а СЗО беше известена за тоа“, се вели во соопштението на агенцијата на Обединетите Нации.

Одлуката е донесена по консултација со глобалната експерти.

СЗО најави дека двете имиња ќе се користат истовремено во период од една година, а терминот „мајмунски сипаници“ ќе биде укинат.

На почетокот на годината, организацијата започна јавни консултации со цел да се најде ново име за болеста. Еден од најпопуларните предлози беше името „мпокс“ (mpox).

„СЗО ќе го усвои терминот мпокс во своите комуникации и ги охрабрува другите да ги следат овие препораки за да се минимизира секое тековно негативно влијание на сегашното име и усвојувањето на новото име“, велат од организацијата.

Мпокс не е нова болест. Вирусот првично бил откриен кај мајмуните во 1958 година, па оттука и неговото име. Првиот човечки случај е забележан во Демократска Република Конго во 1970 година.

Овие сипаници се шират со непосреден контакт со заразено лице или животно. Најчестите почетни симптоми се треска, отечени лимфни јазли, болки во грбот и мускулите пред да се појави осип на кожата.

AA
Популарни