Технологија на турски експерт нуди нови решенија за лекување на канцерот / Photo: AA

Технологијата на „транспарентно снимање“ развиена од турски експерт се очекува да отвори нови аспекти во лекувањето на канцерот.

Технологијата со која клетките, ткивата и цели организми, како пример на глувците, донесе нови перспективи во истражувањето на лекови за канцерот.

Благодарение на неодамнешниот изум на професорот Али Ертурк, раководител на Институтот за инженерство на ткива и регенеративна медицина при Универзитетот во Минхен, Германија, стана можно детектирањето на премногу малите тумори што било невозможно да се видат.

Нова ера во дијагнозата и лекувањето на канцерот

Во неговиот понов ангажман, Ертурк беше пионер на голем развој, особено во истражувањето на канцерот, овозможувајќи скенирање на органите и ткивата со невидена јасност и детали.

„Cancer Research UK“, една од најголемите институции за истражување на канцерот во светот, објави дека со новата техника на скрининг започнува нова ера во дијагнозата и лекувањето на канцерот.

„Благодарение на технологиите за снимање што ги развивме може да ги видиме малите канцерогени клетки за да може да бараме нови решенија што може да ги уништат пред да се прошират понатаму“, изјави Ертурк за Анадолу.

„Со комбинирање на новоразвиениот метод на транспарентност со вештачката интелигенција сега може за неколку часа да ги комплетираме истражувањата што претходно би можело да потраат со години“, рече Ертурк.

„Со користење на вештачката интелигенција сметам дека може да најдеме поефикасни решенија за болести, како што се канцерот и Алцхајмеровата болест во блиска иднина“, додаде тој.

TRT Balkan / агенции
Популарни