Лекарите и научниците од шведскиот универзитет Лунд откриле дека мамографскиот скрининг со помош на вештачка интелигенција речиси го преполовил обемот на работа на радиолозите
Според првите резултати од истражувањaтa, вештачката интелигенција би можела да помогне во подобро дијагностицирање на ракот на дојката, особено во земјите каде што нема доволно радиолози.
Лекарите и научниците од шведскиот универзитет Лунд открија дека мамографскиот скрининг поддржан од вештачката интелигенција „речиси го преполови обемот на работа на радиолози“, за време на целно истражување на Шведската национална програма за скрининг на рак на дојка.
„Скринингот за мамографија со помош на вештачка интелигенција резултираше со слична стапка на откривање на рак во споредба со стандардното двојно читање, со значително помал обем на работа при читање на екранот, што укажува дека употребата на вештачка интелигенција при мамографскиот скрининг е безбедна“, заклучија истражувачите.
„Првите резултати од група од над 80.000 жени во Шведска откриваат дека скринингот поддржан од вештачка интелигенција открил 20 отсто повеќе видови на рак во споредба со рутинското двојно читање на мамограми од двајца специјализирани радиолози“, додаде тимот.
Но, тие истакнаа дека резултатите од истражувањето нема да бидат конечни „уште неколку години“.
Научниците, чии наоди беа објавени во списанието Lancet Oncology, рекоа дека останува да се утврди како употребата на вештачка интелигенција влијае на откривање на рак во периодот помеѓу редовните прегледи“ пред да одлучат дали употребата на вештачка интелигенција во мамографијата е „оправдана“.
„Сè уште треба да ги разбереме импликациите за здравјето на пациентите, особено дали комбинирањето на стручноста на радиологот со вештачката интелигенција може да помогне во откривањето на ракот во тригодишните интервали помеѓу редовните скрининзи кои честопати се пропуштаат со традиционалните скрининзи, како и економичноста на технологијата“, рече Кристина Ланг од Универзитетот Лунд.
Но тимот рече дека помошта од вештачката интелигенција можеби е потребна во земјите кои немаат доволно радиолози.
„Има недостиг од специјалисти радиолози на дојка во многу земји, вклучително и недостиг од околу 41 радиолог (8 отсто) во Обединетото Кралство во 2020 година и околу 50 во Шведска, а потребна е повеќе од една деценија да се обучи радиолог способен да толкува мамографи“, велат тие.