Австралиските здравствени власти денес ја одобрија вакцината за Ковид-19 на компанијата „Модерна“ за деца Фото: Ројтерс

Австралиските здравствени власти денес ја одобрија вакцината за Ковид-19 на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од шест месеци до пет години.

Управата за терапевтски производи (TGA) соопшти дека „вакцините за помалите деца ќе обезбедат заштита од најтешките исходи на Ковид-19, како што се хоспитализација и смрт“.

Дозата за деца содржи помала концентрација на активна состојка.

„Клиничките испитувања за вакцината покажаа дека е безбедна за употреба кај деца“, додаде Управата за терапевтски производи.

Австралија вчера пријави 39.046 нови случаи, со што вкупниот број на заразени достигна над 8,8 милиони, со 10.719 смртни случаи, според податоците на Министерството за здравство.

AA
Популарни