Британските метеоролози денес за прв пат во историјата измерија температура повисока од 40 степени Целзиусови.
Британската метеоролошка служба Мет Офис на Твитер соопшти дека на аеродромот во Лондон, Хитроу, денес во 12:50 часот биле измерени 40,2 степени Целзиусови.
Метеоролозите прогнозираат дека температурата во текот на денот ќе продолжи да расте.
Во Велика Британија вчера за прв пат во историјата стапи на сила црвено предупредување за екстремните горештини, што го издаде британската Метеоролошка служба.
Досега највисоката температура во Велика Британија беше измерена во 2019 година и изнесуваше 38,7 степени Целзиусови.
Британската служба за здравствена заштита го зголеми нивото на опасност од горештини од три на четири.
Црвеното предупредување на Метеоролошката служба од вчера до денес се однесува на подрачјето од Лондон до Манчестер и до долината Јорк на североисточниот дел на Англија.