Веднаш по недозволениот бакнеж на фудбалерката Џени Хермосо, ФИФА донесе брза одлука за суспензија на Луис Рубиалес, сега веќе поранешен претеседател на шпанската фудбалска федерација.
Принципиелната одлука во согласност со Дисциплинскиот правилник на ФИФА формално беше донесена на 23 август, само неколку дена по инцидентот.
Во соопштението беше нагласено дека суспензијата на Рубиалес, освен дисциплинска, има и карактер на заштита на „основните права на репрезентативката Џенифер Хермосо и правилниот ред на дисциплинските постапки на ова тело“.
Се разбира нема ништо спорно во оваа одлука сама по себе. ФИФА како и секое морално одговорно спортско здружение има обврска да ги штити правата на сите играчи (во случајот на Хермосо особено од сексуално вознемирување), како и интегритетот или правилниот ред на нештата што всушност и го прави.
Сепак, кога потфрла во таа задача, се дозволува да се случат нарушувања на човековите права, а виновниците не се повикуваат на одговорност. ФИФА во дисциплинирањето на Рубиалес и брзите постапки за решавање на други нарушувања на човекови права, се чини дека не потфрла. Сепак, ова е доведено во прашање кога ќе се земат во предвид постојаните неуспеси на ФИФА да го дисциплинира Израел за редовните напади, вклучувајќи и тие кои завршиле фатално врз палестински фудбалери.
Израел според надзорот на организациите за човекови права „Пријатели на Сабил„ и „Застапници на праведен мир“ спортивно на меѓународното право го попречува движењето и патувањето на палестинските фудбалски тимови, попречува изградба на фудбалски објекти во окупираниот Западен Брег и без оправдана причина ги приведува спортистите.
Во декември за време на рација во Наблус, смртно беше застрелан фудбалерот Ахмад Атеф Дарагмех. Тој беше застрелан од жива муниција во ногата (покрај дополнителните истрели во грбот), па така и да го преживеел нападот, ова ќе се сметаше за уште еден обид на Израел да уништи кариера на еден фудбалер.
Како и во 2009 година кога Израел нелегално го приведе и затвори неколку недели мачениот 14 годишен палестински фудбалер Махмуд Сарсак, ФИФА не презеде ништо за да побара одговорност за смртта на Дарагмех. Така, би требало да воведе санкции за националниот тим спречувајќи да учествуваат на било кое натпреварување на ФИФА додека во најмала рака не се усогласат со меѓународните стандарди за човекови права.
За почеток, ќе биде потребно Израел да ја прекине децениската нелегална окупација на палестински територии. Тука Израел не само што ги крши човековите права на фудбалерите, туку и на населението во целина. Тука несомнено се вбројува и долгата историја на сексуални и други видови на злоставувања врз Палестинките од страна на израелската војска, како што е неодамнешното понижување на соблечените Палестинки во Хеброн.
Исто така се поставува прашањето: Што направи ФИФА за овие жени? Дали Шпанките или воопшто жените од Европа се поважни во очите на ФИФА отколку Палестинките?
Овие прашање се релевантни бидејќи ФИФА поведува дисциплински постапки за држави не само за тоа што се случува на терените, туку и надвор од нив. Така, на пример, Русија доби забрана за учество на турните на ФИФА откако ја почна војната во Украина. Во неодамнешната историја, суспендирана беше Јужна Африка за поранешниот систем на апартхејд како и Југославија за крвавите војни во 90-те години.
Не постои никаков знак дека ФИФА сериозно ги штити човековите права. Лани во март ја казни Индонезија за изречената забрана за репрезентацијата на Израел да настапи на Светското првенство во категоријата У-20. Наместо тоа, ФИФА и го одзеде статусот домаќин на турнирот на Индонезија. Ваквите одлуки имаат за цел да ги обесхрабрат останатите држави од слични постапки и оттука дополнително да го заштити Израел.
За навистина да се одржи „пристапот на заштита на човековите права“, како што нагласува ФИФА, тогаш навистина неопходна е целосна доследност. Не може да игнорирате или да замижите, без оглед дали се повредени жени, Палестинци, етнички малцинства, религиозни заедници и итн. Треба да се соочите со сите и да помогнете виновниците да одговараат.
Согласно тоа не може да говорите за универзалноста на човековите права и да се залагате за нив, да речеме кога ви е економски исплатливи, а некогаш не. Треба да посакувате сите да ја уживаат таа заштита.
Иако одлуката на ФИФА да го суспензира Рубиалес е за пофалба, со која испраќа порака дека нема да се толерира сексуално насилство или злоупотреба врз жени, ни оддалеку не гарантира дека ФИФА во целина е прогресивна организација. Се додека не стане дел од меѓународното движење за ослободување на Палестина од израелска окупација, ќе остане директен соучесник во нормализирањето на насилството врз Палестинците.
Најважната споредна работа на светот заслужува повеќе.
Пол Салватори, уредник во ТРТ Ворлд