Дигиталните вештите ќе станат се повеќе неопходни за модерниот пазар на труд, сметаат кариерните советници и главните препораки се новите образовни програми да се фокусираат на предизвиците кои ќе ги донесе вештачката интелигенција, а работниците да инвестираат во нови знаења од сајбер светот.
Според индикаторот на Европската Комисија за основни или над просекот дигитални вештини на дното од регионот е Албанија.
Податоците на Евростат укажуваат дека над половина од населението во рамки на земјите членки на ЕУ располага со основни или над просекот дигитални вештини, или вкупно 53.92 отсто. За споредба просекот во земјите за Западен Балкан за ова ниво на дигитални вештини, за кои има податоци, изнесува 36.31 отсто.
Во Албанија само 23.8% од населението располага со ваков степен на дигитални вештини, а следи Северна Македонија со 34.62 отсто.
Босна и Херцеговина е за нијанса подобро котирана со 34.65 отсто, во Србија нивото на дигитални вештини кои се основни или над просекот го поседуваат 41.3 отсто од граѓаните, а најдобро котира Црна Гора со 47.21 отсто или речиси половина од населението располага со ваков вид на дигитални вештини.
Од земјите кои се членки на Европската Унија, а се од регионот, најлошо според овој индикатор котира Романија со 27.82%, а по неа следи Бугарија со 31.18%. Од регионот над европскиот просек е сместена Хрватска каде дури 63.37% од населението располага со основни или над просекот дигитални вештини.