Дел од музејската поставка во Едрене / Фото: AA

Иако можеби остава впечаток на нешто револуционерно, звучната терапија не е ништо ново, туку е антички метод на лекување кој се користел со векови за подобрување на здравјето и благосостојбата.

Техниката опфаќа користење звучни вибрации за стимулирање на природните процеси за заздравување на телото помагајќи да се олесни физичката и емотивната болка и да се поттикне опуштање и внатрешен мир.

Истражувањата покажаа дека звучната терапија може да биде ефикасна за намалување на стресот и анксиозноста, намалување на крвниот притисок и подобрување на квалитетот на сонот.

Звучното исцелување се заснова на принципот дека сè во универзумот, вклучувајќи ги и нашите тела, се состои од енергија и вибрации. Со специфичните фреквенции и вибрации може да се врати рамнотежата и хармонијата на телото и умот.

Некои популарни форми користат кристални чаши, употреба на гонгови, и штимачи. Звукот и музиката на овие инструменти создаваат резонанци кои се користат за поттикнување на чувството на смиреност и релаксираност.

Музикотерапијата е најчеста форма на звучно лекување која користи звуци и музика за да одговори на физичките, емоционалните, когнитивните и социјалните потреби на поединците.

Во последниве години, има пораст на популарноста на звучната терапија како комплементарна терапија за различни физички и психички здравствени состојби. Ова делумно се должи на зголемениот интерес за алтернативни и комплементарни терапии, како и напредокот во технологијата што го направи звучното лекување подостапно.

Комплексот Султан Бајазит Втори е епицентарот на звучната терапија

Интересно е што звучното исцелување се практикувало во Османлиската империја и било важна компонента на медицинските практики во „Комплексот Султан Бајазит II“ кој бил изграден во 15 век од султанот Бајазит II и се состои од џамија, табхани (куќи за гости), медреса (медицинско училиште), дарушифа (болница), имарет (народна кујна-визба), аптека и места за складирање храна. Тоа е историски локалитет кој се наоѓа во турскиот град Едрене.

Комплексот е изграден за да излезе во пресрет на потребите на физичките и менталните третмани на пациентите, социо-културолошки потреби на пациентите и нивните роднини во согласност со принципите на пристапот на „холистичката медицина“.

Познат е по напредните медицински установи и практики и звучната терапија била само еден од многуте третмани кои се користеле за лекување на пациентите. Ова особено било истакнато со употреба на алтернативните методи на лечење од 15 до 19 век.

Звучната терапија била користена на различни начини. Една од најчестите техники е со свирење релаксирачка музика за намалување на стресот. Терапијата се користела заедно со други третмани како лекови од билки и масажи со што се применувал холистички пристап во лекувањето.

Дополнително, зградата има и одлична акустика, чии карактеристики овозможуваат музиката да се слуша низ собите за пациенти.

Во тоа време, неколку пејачи, свирач на трска (црвена флејта), виолина, сантур, мискал, ченг и лаута како и танчери одржувале концерти за пациентите.

Во примената на османлиската музичка терапија се верувало дека одредени турски маками, кои се системи на видови мелодии, биле особено корисни за третирање на пациентите со психички проблеми, а други мелодии биле наменети за пациенти со различни состојби.

На пример Зирефкенд макамот се користел за оние кои страдаат од болки во грбот. Срцевите заболувања се лечеле со Зенгуле, а главоболките со Рехави итн.

Место кое мора да се посети

Денес, звучната терапија продолжува да се користи како дополнување на современата медицина, а многу луѓе ги искусиле придобивките од оваа древна практика.

Наследството на звучното исцелување во комплексот Султан Бајазит II служи како потсетник на богатите медицински традиции на Османлиската империја и важната улога што холистичките пристапи кон здравствената заштита можат да ја играат во промоција на лекувањето и благосостојбата.

Комплексот Султан Бајазит II беше претворен во здравствен музеј во 1993 година, кој нуди уникатен поглед во историјата на медицината и здравството во Османлиската империја. Делот за третман со музика е еден од највпечатливите делови на музејот.

Музејот треба задолжително да го посети секој кој е заинтересиран за историјата на медицината, исламската култура и османлиската историја.

TRT Balkan
Популарни