Може ли ВацАп да ги заобиколи државните ограничувања на интернетот? / Photo: AA

ВацАп (WhatsApp), најпопуларната апликација за пораки во светот, воведе нова функција која им овозможува на корисниците да ги заобиколат обидите на владите да им го ограничат пристапот до услугите.

Во септември, компанијата на Твитер објави дека работи на заштита на правото на своите корисници за пристап до приватни пораки и одржување на услугата за иранските корисници и покрај напорите на владата да ја блокира апликацијата. За таа цел, компанијата во нов пост на блогот наведе дека „покренува прокси поддршка за корисниците на ВацАп ширум светот“.

„На луѓето им даваме моќ да го задржат пристапот на ВацАп доколку нивната врска е блокирана или прекината“, се додава во понатамошните насоки за корисниците да креираат сопствен прокси сервер.

ВацАп соопшти дека поддршката за прокси во апликацијата сега е официјално достапна за корисниците на најновата верзија. Обезбедува алтернативен начин за поврзување со апликацијата дури и ако интернетот е исклучен или блокиран со исклучување.

Корисниците во земјите како што се Иран и Сирија порано користеа услуги на виртуелна приватна мрежа (VPN) за навигација во услови на интернет цензура.

Прокси серверот е посредник помеѓу корисниците и веб сервисот и делува како веб филтер кој на корисниците на интернет им овозможува да ги заобиколат ограничувањата и цензурата.

Од сервисот за размена на пораки велат: „Во случај доколку овие исклучувања продолжат, се надеваме дека ова решение ќе им помогне на луѓето каде и да постои потреба за безбедна и доверлива комуникација.“

Поврзувањето преку прокси нема да влијае врз „ од почеток до крај (end-to-end) енкрипцијата на ВацАп, а содржината нема да биде „видлива за никого помеѓу, ниту на прокси серверите, ВацАп или Мета“, додадоа од компанијата. Меѓутоа, експертите за приватност исто така обвинија за споделување одредени кориснички податоци со други Мета компании.

Корисниците се претпазливи во однос на довербата кон ВацАп, велејќи дека апликацијата работи под облакот Мета и нејзината корпоративна сестринска компанија Фејсбук, која е на лош глас поради контролата над модерирањето и злоупотребите од некои злонамерни субјекти.

Најавата на оваа функција доаѓа откако иранските власти минатата година го ограничија пристапот на Инстаграм и на ВацАп, поради демонстрациите по смртта на Махса Амини (22) во полицискиот притвор.

Бидејќи ваквите ситуации се случуваат на различни места ширум светот, компанијата нагласи дека работат на тоа „никогаш да не дојде до гасење на интернетот“ и на луѓето да не им бидат ускратени човековите права и правата на итна помош.

„Продолжуваме да се бориме за вашето право на слобода и приватна комуникација“, напиша ВацАп на Твитер.

„Сега кога директното поврзување со ВацАп не е можно, можете да останете поврзани ширум светот преку сервери кои ги поставиле волонтери и организации посветени во помагање на другите слободно да комуницираат“, се додава.

Сепак, дали е можно?

Претходно во 2021 година, ВацАп поднесе тужба до индискиот Висок суд во Њу Делхи, тврдејќи дека ИТ политиката на Владата на БЈП е неуставна во светло на заштита на приватните пораки, кршејќи го основното право на приватност.

Новите прописи бараа онлајн платформите да ја избришат содржината што се смета за нелегална и да се усогласат со полициските истраги, вклучително и идентификување на авторите на „злонамерните информации“.

Меѓутоа, ВацАп останува на ставот дека нема да ја загрози својата безбедност за било која влада и ќе продолжи да ја штити приватноста на личните пораки на луѓето.

Индискиот министер на ИТ Рави Шанкар Прасад во одговорот рече дека владата е определена да го обезбеди правото на приватност, но дека тоа не е апсолутно право и доаѓа со „разумни ограничувања“.

Тужбата е дел од битката меѓу некои од најголемите светски технолошки компании и владите за справување со дезинформации, говор на омраза и други прашања.

Сингапурскиот парламент во 2019 година, усвои обемен закон „против лажни вести“ кој бара технолошките платформи да објавуваат корекции на лажните информации, ако тоа им биде наложено од властите, или ќе се соочат со високи казни, и покрај поплаките за слободата на говорот од глобалните технолошки гиганти, универзитетите и медиумите за слобода на говорот и злоупотреба на моќта.

Исто така, Британија, усвои легислатива според која технолошките компании би можеле да се соочат со високи казни доколку не успеат да спречат ширење на нелегална и штетна содржина.

Според законот на Обединетото Кралство (ОК) за штета на интернет, платформите на социјалните медиуми кои ја хостирале содржината која ја креирале корисниците или овмозможувале интернетска комуникација би биле принудени да го отстранат и ограничат ширењето на материјалите кои промовираат сексуално злоставување на деца, тероризам или самоубиство, нагласувајќи понатамошни мерки во заштита на децата од порнографија и малтретирање.

Иако „правните, но и штетните“ клаузули од законот за онлајн безбедност се отстранети во ноември 2022 година, поради контроверзите кои настанаа во врска со тоа, елементот за заштита на децата во законот сè уште е обезбеден.

TRT World
Популарни