Анализа: Смртноста од пандемијата во балканските земји

Битка за живот и смрт. Вака се доживуваше озлогласениот вирус Ковид-19, од кој досега се заразени над 640 милиони луѓе, а животот го загубија 6,6 милиони луѓе, односно нешто над 1 отсто од вкупниот број на заразени.

Сега, речиси три години од почетокот на пандемијата, влијанието на овој вирус се намалува, а со тоа и последиците. Меѓу земјите кои најмногу настрадаа во периодот на најголемиот бран на пандемијата се токму балканските, каде смртноста во дел од земјите беше невообичаено повисока од светскиот просек.

Во продолжение, ТРТ Балкан ви пренесеува статистички податоци за бројот на заболени и стапката на смртност во земјите од Западен Балкан.

Босна и Херцеговина со највисока стапка на смртност

Според World Life Expectancy, oд 3,2 милиони жители во Босна и Херцеговина (БиХ), во текот на трите години од пандемијата, вкупно 400.162 лица или 12,5 отсто од вкупното население. Според податоците, 16.184 од заразените (4,04 отсто) починале.

Стапка на смртност од Ковид-19 Others

Ако се анализираат овие податоци, се доаѓа до заклучок дека стапката на смртност во БиХ е четири пати повисока од просечната стапка на смртност во целиот свет.

Северна Македонија е втора во регионот

Покрај БиХ, од пандемијата тешко настрада и Северна Македонија.

Од 1,8 милиони жители во Северна Македонија во текот на трите години од пандемијата, заразени се вкупно 344.000 лица што е 18,7 отсто од вкупното население. Според јавно достапните податоци, 9.564 од заразените го загубиле животот (2,77 отсто).

Албанија, Косово и Црна Гора во согласност со светскиот просек

Просечната смртност од вирусот Ковид-19 во Албанија и Црна Гора е паралелна со просечната смртност во светот, односно 1 отсто.

Од 2,8 милиони жители во Албанија, во текот на трите години од пандемијата, заразени се вкупно 333.000 лица (11 отсто) од вкупното население, додека 3.592 лица (1,07 отсто) од заразените го загубиле животот.

Во Косово, од 1,8 милиони жители во текот на трите години од пандемијата имало вкупно 272.195 заразени лица (15 отсто) од вкупното население, додека 3.202 (1,17 отсто) од заразените го загубиле животот.

Од друга страна, во Црна Гора која има 620.000 жители, за три години од пандемијата биле заразени 283.000 (45 отсто) од вкупното население, додека 2.787 лица (0,98 отсто) од заболените го загубиле животот.

Србија со најмала стапка на смртност

Во Србија, 35 отсто од населението кое брои 6,7 милиони жители било заразено со вирусот Ковид-19 во последните три години, но во оваа земја стапката на смртност е најмала во регионот.

Во Србија имало 2,4 милиони заразени или 35 отсто од населението, додека 17.298 лица (0,71 отсто) од заразените го загубиле животот.

TRT Balkan
Популарни