Демографски слом на Балканот / Photo: TRT Balkan

Во регионот, само Косово и Албанија бележат поголем број родени во однос на бројот на починатите лица.

Негативен природен прираст во Србија

Србија е една од земјите во регионот која посебно бележи висок негативен природен прираст. Негативниот природен прираст во 2022 година укажува дека Србија за 12 месеци останала без град од речиси 50.000 жители. Според податоците од Републичкиот завод за статистика на Србија, минатата година во оваа земја се родиле 62.250 бебиња, додека починале 110.839 лица. Во однос на истиот период минатата година, кога бројот на родените изнесувал 62.062 забележан е раст од 188, односно за 0,3 отсто. Бројот на починатите во Србија во 2022 година е помал за 25.062 ил иза 18,4 отсто во однос на 2021 година.

Пад на бројот на родените во БиХ

Босна и Херцеговина минатата година исто така забележа негативен природен прираст. Според податоците на Агенцијата за статистика на БиХ, во Босна и Херцеговина во текот на 2022 година се регистрирани 25.311 живородени деца, што во однос на 2021 година го покажува падот на бројот на живородени за 2,16 отсто. Починаа 39.665 лица, што во однос на 2021 година покажува пад на бројот на починати лица за 18.22 отсто.

Негативниот природен прираст минатата година јасно покажува дека БиХ за само 12 месеци останала без град со повеќе од 14.000 лица.

Висока бројка на починати во Хрватска

Хрватска е уште една земја во балканскиот регион каде што бројот на починати го надминува бројот на живородени деца. Според податоците на Националното биро за статистика, во 2022 година во однос на претходната година, бројот на живородени деца е намален за 7,2 отсто, односно родени се 2.625 деца помалку од 2021 година.

Вкупниот број на родени во 2022 година изнесува 34.027 деца, од кои 33.883 живородени, а 144 мртвородени. Од 33.883 живородени, 17.255 или 50,9 отсто биле од машки пол, а 16.628 или 49,1 отсто од женски пол. Стапката на наталитет (живородени на 1.000 жители) во 2022 година изнесува 8,8.

Во 2022 година бројот на починати е намален во однос на претходната година, односно 5.733 починале или за 9,1 отсто помалку од претходната година. Од вкупниот број на починати (56.979) во 2022 година, 27.915 или 49 отсто биле мажи, а 29.064 или 51 отсто жени. Стапката на смртност (смрт на 1.000 жители) во 2022 година изнесува 14,8.

Позитивниот природен прираст беше во 24 градови/општини, а негативен во 527 градови/општини и Градот Загреб, додека четири општини имаа нулта природен прираст.

Негативниот природен прираст покажува дека Хрватска минатата година изгубила град со близу 23.000 жители.

Негативен природен прираст во Црна Гора

Црна Гора бележи негативен природен прираст, но не во иста мера како и другите земји во регионот. Имено, според податоците на Управата за статистика МОНСТАТ, во 2022 година природниот прираст бил негативен и изнесувал 47. Во 2022 година во Црна Гора се родени 7.021 живородени деца, од кои 3.621 или 51,6 отсто се машки деца, а 3.400 или 48,4 отсто се девојчиња.

Истата година починаа 7.068 луѓе во Црна Гора. Од таа бројка 3.660 се машки лица а 3.408 се жени.

Помал број на родени во Северна Македонија

Северна Македонија исто така е на листата на земјите во кои бројот на починати го надминува бројот на живородени.

Според податоците на Националното биро за статистика, во 2022 година 10.866 живородени деца или 60,1 отсто од вкупниот број живородени деца во земјава се регистрирани во урбани средини, додека 7.207 или 39,9 отсто од живородените деца се во рурални средини.

Во градските средини починале 14.354 лица или 63,9 отсто, а во руралните средини 8.105 или 36,1 отсто. Природниот прираст на населението е негативен и изнесува 3.488 во урбаните средини и 898 во руралните средини.

Негативниот природен прираст покажува дека оваа балканска земја минатата година изгубила гратче од близу 4.500 жители.

Позитивен природен прираст во Албанија

Албанија е една од ретките земји во регонот кога бележи позитивен природен прираст.

Како што пкажуваат податоците на Заводот за статистика ИНСТАТ, во 2022 година природниот прираст, кој ја мери разликата меѓу родените и умрените, изнесувал 675 лица, што е сè уште најнизок во историјата, освен двете пандемични години, 2020 и 2021 година, кога голем број е регистриран и бројот на починати.

Според ИНСТАТ, во 2022 година се регистрирани 22,9 илјади смртни случаи, со остар пад од 37 отсто во споредба со претходната година кога пандемијата беше на својот врв.

Во истиот период во земјава се родени 23,6 илјади бебиња што е намалување за 13,5 отсто во однос на претходната година. Ова е најмалиот број на раѓања досега забележани во земјата од 1934 година, кога почнаа да се објавуваат официјалните податоци.

Историските податоци покажуваат дека природниот прираст на населението во Албанија го достигнал највисокото ниво во 1990 година, со речиси 64.000 раѓања повеќе од смртни случаи. Таа година забележа рекордно ниво од 82.000 раѓања и 18.000 смртни случаи.

Косово во најдобра ситуација

Косово со години е во најдобра ситуација кога е во прашање природниот прираст на населението.Податоците што ги објави Косовската агенција за статистика покажуваат дека бројот на живородени и умрени во 2022 година е намален во однос на 2021 година.

Според податоците на оваа агенција, во 2022 година се регистрирани 26.118 раѓања, од кои 13.317 се машки и 12.801 женски. Во 2021 година се регистрирани вкупно 28.549 бебиња.

Во текот на 2022 година се евидентирани 10.575 смртни случаи, од кои 5.756 мажи, а 4.819 жени. Во споредба со претходната година, регистрирани се 3.758 починати помалку.

Сепак, со исклучок на 2022 и 2021 година, стапката на наталитет во Косово се намалува речиси секоја година од 2014 година, покажуваат податоците на Агенцијата за статистика.

Според податоците на Светска банка, во споредба со другите балкански земји, Косово е во многу подобра состојба по бројот на раѓања на илјада жители, со 11,18 раѓања во текот на 2019 година.

Причини за лошата демографска слика

Експертите сметаат дека за лошата демографска слика придонесува целокупното социјално опкружување, високата невработеност и заминувањето на голем број млади во странство.

Последиците од природното намалување на населението, постепеното стареење и особено новиот бран на емиграција на младите јасно се чувствуваат во економиите на земјите од регионот, во недостаток на работна сила, намалување на потрошувачката, а уште покатастрофално може да се очекуваат ефекти во иднина.

Економските експерти оценуваат дека земјите со негативен природен раст во иднина би можеле да се соочат со пад на продуктивноста, забавување на економијата, па дури и влошување на пензискиот систем.

TRT Balkan
Популарни