Површината на реката Сава во Белград, главниот град на Србија, поточно во потокот Чукарица, деновиве е покриена со алги, поради што доби необичен изглед.
Алгите напредуваат поради високите температури и целата отпадна вода што вообичаено се влева во реките во Белград.
Поради оваа појава, чамците кои се закотвени во овој дел од реката изгледаат како да стојат на фудбалско игралиште.
„Цветањето“ на реката е карактеристично за овој период од годината, а се случува во услови на високи температури на водата.
Чукарица се користи за спортско-рекреативни и комерцијални цели и се наоѓа во близина на Ада Циганлија.
AA