Бугарија потпиша договор со американската компанија Вестингхаус за зајакнување на капацитетите за нуклеарна енергија.
Договорот е дел од тековните напори на Бугарија за развој на блоковите 7 и 8 на нуклеарната централа Козлодуј, информираше Владимир Малинов привремениот министер за енергетика.
Козлодуј, единствената бугарска нуклеарна централа и најголема во регионот, се наоѓа на 180 километри северно од главниот град Софија и 5 километри источно од градот Козлодуј на реката Дунав, во близина на границата со Романија.
Малинов им се заблагодари на американската компанија Вестингхаус и јужнокорејската Хјундаи за соработката во формирањето на конзорциум за проектот. Тој истакна дека зајакнувањето на капацитетот за нуклеарна енергија е главен приоритет за владата.
„Вестингхаус денеска објави дека потпишала продолжување на актуелниот договор со бугарската нуклеарна централа Козлодуј за AП1000 два реактори“, се вели во соопштението на компанијата.
Технологијата AП1000 е избрана за нуклеарни проекти во Полска, Украина и Бугарија. Според компанијата, се разгледуваат и други локации во Централна и Источна Европа, Обединетото Кралство, Индија и Северна Америка.
Во февруари, Хјундаи беше избрана од бугарскиот парламент за да преговара за условите за инженерство, изградба, набавки и лансирање на новите единици во Козлодуј, користејќи технологија AП1000.