Бугарскиот премиер во заминување Кирил Петков потврди дека Бугарија протерува 70 руски дипломати кои „работат против интересите“ на Бугарија
„Бугарија протерува 70 руски дипломати откако ги прогласи за непожелни личности“, изјави премиерот во заминување Кирил Петков.
Обраќајќи им се на новинарите во Парламентот, Петков рече дека ќе испратат 70 руски дипломати „кои работат против интересите на Бугарија“, назад во нивната земја.
„Повеќето од овие луѓе работат за други служби. Својата дипломатска титула ја користеле само како параван“, изјави Петков.
Како што рече, се очекува протераните дипломати да ја напуштат Софија во недела, на 3 јуни.
Руското Министерство за надворешни работи на 27 јуни соопшти дека го повикало бугарскиот амбасадор Атанас Крастин и му врачило нота за протерување на бугарските дипломати од Москва. Бугарија на 18 март оваа година, прогласи 10 руски дипломати за непожелни личности, обвинувајќи ги за „активности кои се неспоиви со дипломатскиот статус“.