Чавушоглу ќе присуствува на Самитот за иницијативата „Отворен Балкан“     Фото: АА

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе замине за Србија за да присуствува на Самитот за иницијативата „Отворен Балкан“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

„Чавушоглу од денеска ќе престојува во дводневна посета на српскиот главен град Белград“, се вели во соопштението на Министерството.

„Министерот Чавушоглу ќе се обрати на отворањето на Самитот што ќе се одржи во Белград и ќе има билатерални средби на маргините на Самитот“, се додава во соопштението.

Иницијативата „Отворен Балкан“ опфаќа економска и политичка зона меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија, а целта е зајакнување на можностите за трговија и студентска размена за околу 12 милиони луѓе, како и поттикнување на интеграцијата на трите земји во ЕУ.

AA
Популарни