Чавушоглу во Анкара разговараше со високиот претставник во БиХ, Шмит

Чавушоглу во Анкара разговараше со високиот претставник во БиХ, Шмит

„Продолжуваме да ја поддржуваме стабилноста и целовитоста на Босна и Херцеговина“, изјави Чавушоглу
Чавушоглу во Анкара разговараше со високиот претставник во БиХ, Шмит / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Република Туркије Мевлут Чавушоглу го прими високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит.

Чавушоглу на социјалните мрежи соопшти дека во Анкара го примил високиот претставик Шмит кој престојува во посета на Република Туркије.

„Продолжуваме да ја поддржуваме стабилноста и целовитоста на Босна и Херцеговина“, наведе Чавушоглу, при што објави и фотографија од средбата.

TRT Balkan / агенции
Популарни