Црна Гора е на трето место во светот по бројот на оружје по глава на жител. Потпретседателот на Независниот полициски синдикат на Црна Гора, Ѓорѓе Вучиќевиќ изјави дека легално се вооружени околу 68.000 граѓани, а поседуваат повеќе од 100.000 оружје.
„Проценките се дека граѓаните нелегално поседуваат најмалку 40.000, па дури и повеќе од 100.000 парчиња оружје. За ваквото вооружување на граѓаните потребна е сериозна анализа и реакција на надлежните институции“, рече Вукиќевиќ.
Националната телевизија денеска пренесе дека според истражувањето за мало оружје, објавено од „Small Arms Survey“ во 2017 година, Црна Гора е шеста во светот по бројот на нелегално оружје по население.
Ужасното злосторство во Цетиње во средата уште еднаш укажа на опасноста од ширење на оружјето што е нелегално поседување во Црна Гора.
По повод трагичниот настан што се случи во Цетиње, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, за денеска закажа вонредна седница на Советот за национална безбедност.
Ацо Мартиновиќ во средата на Цетиње застрела 12 лица, од кои две деца, при што тешко ранил четири лица. По неколкучасовното бегство, Мартиновиќ се самоуби.
Во џебовите на Мартиновиќ биле пронајдени 80 куршуми. Покрај муницијата во џебовите, во магацинот на пиштолот биле пронајдени уште неколку куршуми.