Министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ изјави дека лице чиј идентитет се утврдува, пукало од самострел во припадникот на Жандармеријата кој бил на должност на обезбедување на амбасадата на Израел.
„Денес околу 11 часот НН лице, чиј идентитет се утврдува, пукало од самострел во припадник на Жандармеријата кој бил на должност на обезбедување на амбасадата на Израел, и го погодил во врат“, рече Дачиќ.
На сајтот на Владата на Србија се наведува дека припадникот на Жандармеријата М.Ј (1990) во самоодбрана упоребил оружје и го совладал напаѓачот, кој од последиците на ранувањето починал.
„Полицаецот во свесна состојба е транспортиран во Ургентниот центар, каде ќе биде извршена операција на вадење на стрелата од вртатот“, наведе Дачиќ и додаде дека се испитуваат сите околности на нападот и можните мотиви.