Македонската Државна изборна комисија (ДИК) во контиунитет работи на заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади. За таа цел донесена е ИКТ Стратегија и формирано Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, информираат за МИА од ДИК.
„Во однос на вашето прашање за заштита на податоците на избирачите и заштитата од хакерски напади, ве информираме дека Државната изборна комисија во континуитет работи на овие прашања и за таа цел ја донесе ИКТ Стратегијата на Државната изборна комисија со Акциски план и формираше Меѓуинституционално координативно тело за ИКТ и справување со безбедносни предизвици, кое е во постојана кооординација за сите прашања во однос на безбедноста на податоците и заштитата од хакерски напади“, посочуваат од Државната изборна комисија.
Пред неколку дена повторно имаше хакерски напади во некои институции и во јавноста се отвори прашањето за заштита на личните податоци на избирачките и заштита од хакерски напади на ДИК имајќи ги предвид претстојните претседателски (28 април) и парламентарни избори (8 мај).