Дронови на македонското Министерство за внатрешни работи ги мониторираат шумските појаси.
Како што веќе најави директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, а во насока на рана превенција од пожари, полициските служби започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата, соопшти МВР.
„Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители на истите“, се вели во соопштението.
TRT Balkan