Судот во Атина денеска петмина поранешни службеници на противпожарната служба за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во 2018 година, кога загинаа 104 лица. Осуден беше и сопственикот на имотот на кој избувна пожарот.
Атинскиот суд ослободи од обвинение 15 други лица, вклучително и регионални гувернери.
Еден од гувернерите беше обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срамота“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.
Петмината осудени пожарникари, меѓу кои и поранешниот началник, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни точки од обвинението за кривично невнимание, предизвикување повреда и губење на животот.
Судијата претседавач нареди казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.
Сепак, сите петмина осудени беа ослободени и им беше дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на 40.000 евра.
Шестиот осуден, сопственикот на имотот каде што избувна пожарот, беше осуден за подметнување на пожар од невнимание и доби три години затвор, но и тој беше ослободен во замена за парична казна.
Во пожарот во крајбрежниот град Мата, источно од Атина, што се случи во јули 2018 година загинаа 104 лица. Беа уништени повеќе од 1.500 домови и објекти, заедно со околу 300 автомобили.
Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и оти реакцијата била премногу бавна.
Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови била невозможна навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.