Највисока стапка на инфлација откако Државната служба за статистика ги прибира овие податоци     Фото: Ројтерс

Потрошувачките цени во Хрватска во јуни пораснале за 12,1 отсто во однос на истиот месец лани, што е највисока стапка на инфлација откако Државната служба за статистика (ДЗС) ги прибира овие податоци. Ова е најмногу последица на поскапувањето на горивата и храната.

Цените на стоките и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени, пораснале за 1,1 отсто во јуни во однос на мај, додека скокнале за 12,1 отсто во однос на јуни минатата година, се вели во извештајот ДЗС.

На годишно ниво најголем пораст на потрошувачките цени во просек е забележан во транспортната група од 20,3 отсто и храната и безалкохолните пијалаци за 16,9 отсто.

Растот на цените од 12,1 отсто претставува значително забрзување во однос на мај, кога цените пораснаа за 10,8 отсто на годишна основа.

HINA
Популарни