Владата на Црна Гора го усвои Предлог-законот за потврдување на договорот со Советот на министри на Босна и Херцеговина за изградба на меѓудржавен мост на реката Тара кој ќе ги спои Црна Гора и БиХ. Мостот треба да биде изграден на местото каде се спојуваат автопатот М3 кај Шчепан Поље и Автопатот М-18 на локацијата Хум и приклучните гранични делници.
„Сите треба да придонесеме тоа да се случи што поскоро, бидејќи кога некој ќе тргне од Босна и ќе го види мостот, веројатно ќе се запраша каде тргнав“, рече вицепремиерот и министер за земјоделство Владимир Јоковиќ на денешната седница на црногорскaта влада.
Според изјавата на вицепремиерот и министер за капитални инвестиции, Ервин Ибрахимовиќ, за овој проект е заинтересирана и Босна и Херцеговина.
„Ќе дадам се од себе еден ваков важен проект што поскоро да се реализира“, изјави Ибрахимовиќ.