Безбедносната состојба во Косово по настаните во Бањска во септември минатата година, одлуката на Централната банка на Косово за еврото и дијалогот Приштина – Белград за нормализација на односите беа темите за кои специјалниот престставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска во Приштина разговараше со косовската претстедателка Вјоса Османи.
Во изјава по средбата Ескоар рече дека се очекува од Србија да ги изведе пред лицето на правдата сите одговорни за настаните в Бањска. Според Ескобар треба да се најдат начини за придвижување на дијалогот меѓу Приштина и Белград кој вклучува формирање Заедница на општини со мнозинско српско население на Косово.
„Двете страни мора да продолжат со целосна имплементација за да се постигне историски договор за нормализација. Ние исто така работиме на тоа Србија да го спроведе она што се бара од неа. Затоа, ова не е унилатерален напор само Косово да ги донесе тешките одлуки кои се потребни за да се реализираат Основниот договор и Охридскиот договор“, рече Ескобар.
Претседателката Османи изјави дека заедничката акција на Косово со Соединетите Американски Држави е и останува од витално значење за Косово, како и напорите на Косово за владеење на правото на целата територија на Косово и зајакнување на меѓународната позиција на Косово, преку евро- Атлантска интеграција.
Османи рече дека во разговорот со Ескобар го повторила својот став дека указот на Централната банка за динарот мора да се спроведе во целосна соработка со сојузниците.
„Одржливо и ефективно спроведување на оваа регулатива е можно во целосна соработка и со поддршка на нашите сојузници. Нашите сојузници се залагаат за спроведување на Уставот, како што сум кажал секој пат, и за стабилен транзициски план, затоа верувам дека прашањето за оваа регулатива ќе се придвижи со заедничко решение во интерес на сите граѓани на Републиката. на Косово“, нагласи Османи.
Таа оцени дека посветеноста и улогата на САД се суштински за завршување на дијалогот што води кон меѓусебно признавање на Косово и Србија.
Американскиот пратеник Ескобар во текот на денот ќе се сретне со претставници на граѓанското општество, политичките претставници на српската заедница и лидерите на опозициските парламентарни партии, а за утре е закажана средба и со премиерот на Косово, Албин Курти.