Европската Унија нареди спроведување истрага за трагедијата во која загинаа шест лица, меѓу кои пет деца при истуркување на мигрнати во Егејското море.
Од канцеларијата на портпаролот на Европската комисија изразуваат жалење за загубата на човечките животи и ја потенцираат важноста во иднина да се преземат мерки да се спречат трагедии како оваа за која извести Туркије.
„Европската комисија повеќепати ги повикуваше земјите членки и сите меѓународни актери вклучени во операциите за пребарување и спасување да дејствуваат брзо и координирано и што е можно поскоро да ги почитуваат законите кои се однесуваат на безбедноста на оние кои бараат помош на море. Европската комисија очекува националните власти да ги истражат сите наводи за да ги утврдат фактите, се вели во одговорот на новинарско прашање за трагедијата.
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) исто така реагира на смртта на шесте мигранти кои грчките безбедносни сили ги истуркаа во територијалните води.
„Ваквата загуба на животи е неприфатлива. Повторуваме дека треба итно да продолжиме со навремени и ефективни напори за пребарување и спасување во Средоземното море со иницијатива на властите.
Анкара и глобалните групи за човекови права постојано ја осудуваа нелегалната практика на Грција да ги враќа барателите на азил кон турските води и да не им дозволува влез во Грција. Туркије смета дека Грција со тоа го постапува спротивно на меѓународното право и ги загрозува животите на мигрантите меѓу кои има и жени и деца.
Туркије е клучна транзитна точка за барателите на азил кои сакаат да преминат во Европа, да избегаат од војни и прогон и да започнат нов живот.