Комитетот на постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ (КОРЕПЕР II) вечерва одобри затворање на три поглавја од преговорите на Црна Гора со ЕУ.
Станува збор за поглавјата 7 (закон за интелектуална сопственост), 10 (информатичко општество и медиуми) и 20 (претприемништво и индустриска политика).
Поглавјето 31 (надворешна, безбедносна и одбранбена политика) не доби „зелено светло“ на КОРЕПЕР II.
Ова беше објавено и на X сметката на унгарското претседателство со ЕУ.
Според неофицијални информации на „Вијести“, само Хрватска го блокирала затворањето на поглавјето 31.
Подгорица преговара со ЕУ од јуни 2012 година и оттогаш ги отвори сите поглавја - вкупно 33, а привремено затвори три.
Заедно со поглавјата кои формално ќе бидат затворени следната недела, Црна Гора ќе има вкупно шест затворени од 33 поглавја во кои преговара со ЕУ.
Црна Гора го затвори последното поглавје од преговорите на 20 јуни 2017 година, поточно поглавјето 30- надворешни односи.
Исполнувањето на привремените одредници во владеењето на правото во јуни годинава го отвори патот за дополнително затворање на поглавјето.
Планот на Црна Гора е да ги затвори преостанатите 27 поглавја од преговорите до крајот на 2026 година, со цел да стане членка на ЕУ во 2028 година.