Воената мисија на Европската унија ЕУФОР во Босна и Херцеговина најави одржување на голема воена вежба „Побрз одговор 2022“, која ќе се одржи од 17 октомври до 22 ноември.     Фото: АА

Воената мисија на Европската унија ЕУФОР во Босна и Херцеговина најави одржување на голема воена вежба „Побрз одговор 2022“, која ќе се одржи од 17 октомври до 22 ноември.

Како што е објавено на интернет сајтот на ЕУФОР Алтеа, војници од 20 држави ќе демонстрираат способност и решителност на ЕУФОР да овозможи придонес кон одржување на посигурно и постабилно опкружување за жителите на Босна и Херцеговина.

„Како и во претходните години, ЕУФОР привремено ќе го зајакне своето присуство така што ќе го зголеми бројот на војниците, ќе го зајакне патролирањето и ќе одржи тактички вежби на избраните урбани и рурални локации“, објавија од ЕУФОР.

Исто така, нагласија дека ЕУФОР одблиску ќе соработува со Вооружените сили на БиХ, со локалните заедници и органите за спроведување на законот.

„Како што тоа беше случај и со претходните вежби на ЕУФОР, „Брз одговор“, повторно ја покажува посветеноста на ЕУ кон европската иднина за сите граѓани на Босна и Херцеговина“, наведоа од мисијата ЕУФОР.

Операцијата ЕУФОР Алтеа е активна во БиХ од 2004 година и наследничка е на НАТО мировната мисија во земјата.

AA
Популарни