Во Албанија се одржува заедничка воена вежба на специјалните сили „Силен Балкан 23“ со учество на војници од повеќе балкански земји.
Во вежбата учествуваат војници од Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Туркије, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција и Романија.
Во рамките на вежбата вчера беше организиран отворен ден за медиумите во селото Бизе во Тирана, каде беа изведени демонстрации од вежбата.
Вежбите се однесуваат на специјални операции во станбени згради, евакуација на повредени, детонирање на експлозив и други акции.
Во Албанија за прв пат се одржува вежбата „Силен Балкан 23“.
Вежбата се изведува со цел да се зголеми степенот на подготвеност и можностите на специјалните сили во балканскиот регион и да се подобри соработката во операциите со тешки барања.
Вежбата „Силен Балкан 23“ која започна на 1 ноември, а се организира под покровителство на Генералштабот на вооружените сили на Албанија, до 9 ноември се одржува во повеќе области на Тирана.