Турскиот министер Ѓулер: Стабилноста на Балканот е приоритет за Туркије / Photo: Министерство за одбрана на Туркије

Министрите за одбрана на Србија и Туркије Милош Вучевиќ и Јашар Ѓулер разговараа во српската престолнина Белград.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Туркије, Ѓулер по посетата на Азербејџан, отпатува во Србија каде се состана со колегата Вучевиќ. Министерот за одбрана на Србија турскиот колега го дочека со свечена воена церемонија. По билатералната средба, двајцата минисри претседаваа со состанокот на делегациите на двете држави.

Ѓулер по состанокот на делегациите го изрази задоволството од посетата на Србија и на тамошните претставници им ги пренесе поздравите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Имавме сеопфатен, позитивен и конструктивен состанок со колегата Вучевиќ. Приоритет ќе дадеме на стабилноста и одржувањето на безбедноста на непристрасен начин. Во текот на разговорот констатиравме дека имаме силни историски и културни врски. Нагласивме дека поддржуваме мир, стабилност, територијален интегритет и приклучување на регионот на Балканот во меѓународните организации, како и целта на Србија да и се придружи на Европската унија“, рече Ѓулер.

Тој напомена дека Анкара придава посебна важност на евроатланските интеграции, додавајќи дека дијаогот е единствен начин да се обезбеди траен мир и стабилност во регионот.

„Порачавме дека Туркије како земја која ја презеде командата на кФОР ќе продолжи и понатаму да дава приоритет на стабилноста и безбедноста на непристрасен начин, како и дека сме спремни да развиваме соработка, вклучувајќи и во областа на одбранбената индустрија и изразивме задоволство од поддршката која и ја дадоа на нашата земја во борбата против ФЕТО“, рече Ѓулер.

На крајот истакна дека колегата Вучевиќ го поканил во посета на Туркије што е можно поскоро.

TRT Balkan / агенции
Популарни