Пет училишта во Скопје биле евакуирани по дојави за бомби кои биле упатени на електронската пошта на училиштата по што следеле антитерористички проверки.     Фото: АА (Архива)

Пет училишта во Скопје биле евакуирани по дојави за бомби кои биле упатени на електронската пошта на училиштата по што следеле антитерористички проверки. Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија објави дека по дојавата за бомби во петте скопски училишта денеска било извршено безбедно евакуирање со цел да се извршат потребните проверки.

„Денеска во СВР Скопје е пријавено дека на електронските адреси на пет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.

Од МВР не прецизираат за кои училишта станува збор.

TRT Balkan / агенции
Популарни