ФБИ доаѓа во Црна Гора, ќе помага во истрага за кибер нападите     Фото: АА

Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти дека е одобрено доаѓање на тим на Федералното истражно биро (ФБИ) во земјата каде ќе учествуваат и ќе помагаат во истрагата за неодамнешните кибер напади.

Доаѓањето на тимот на ФБИ е одобрен по првиот состанок на министерот на полицијата Филип Аџиќ и директорот на Управата на полицијата Зоран Брѓанин со правниот атеше на Бирото за Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Бенет Брајан.


Брајан ја искажал подготвеноста на ФБИ за конкретна поддршка на црногорските колеги и веќе денес е одобрено доаѓањето на нивниот тим CAT (Cyber Action Team) кој ќе учествува и ќе помага во истрагата во однос на неодамнешните кибер напади во Црна Гора.


„Моментално е во тек нивно упатување во Црна Гора. Ова е уште една потврда на извонредната соработка на Соединетите Американски Држави (САД) и Црна Гора и доказ дека во секоја ситуација можеме да смеаме на нивната поддршка“, се наведува во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.

Tanjug
Популарни